Живко Крстев и Марио Костов членови на младионскиот тим на нашиот клуб потпишаа договори за настап и во иднина во дресот на Брера. Станува збор за 19 годишни фудбалери кои во младинската Супер лига ги презентираа своите играчки перформанси а како клуб кој води грижа за својот потенцијал им понуди договори и ги отвори вратите за првиот тим.
Живко Крстев во младинскито шампионат изминатата сезона за нашиот тим постигна дури 30 гола а одличен во првенството беше и Марио Костов. Станува збор за млади и надежни фудбалери кои се градеа во нашите погони и допрва од нив се очекува да бидат креатори на играта во сениорскиот тим.
Ова е потврда дека како клуб даваме шанса и можност за нашите млади да градат професионална кариера. Во нив контуинирано вложуваме за да бидат квалитетни фудбалери како на фудбалските терени така и надвор од нив.