Нашиот фудбалски клуб “БРЕРА СТРУМИЦА” во четврток со почеток во 9 часот на СРЦ ПАНДЕВ организира “ОТВОРЕН ФУДБАЛСКИ ДЕН” на кој, сите присутни ќе можат да се запознаат со нашиот клуб а ќе имаат можност да се дружат и со ГОРАН ПАНДЕВ. Целта на настанот е да ја доближиме работата на нашиот клуб со тренажниот процес до сите дечиња и заинтересирни граѓани и од прва рака да се информираат како да станат дел од фудбалското семејство на БРЕРА СТРУМИЦА. Од таа причина на теренот на СРЦ ПАНДЕВ се планираат голем број игри, возбудувања но и награди за сите што ќе бидат присутни и ќе бидат дел од забавните игри. На настанот ќе биде присутен и основачот на клубот но и сегашен претседател на клубот ГОРАН ПАНДЕВ кој изрази подготвеност во четврток, својот роденден да го прослави со сегашните и идни фудбалски таленти на Струмица, кога ќе ги најави сите новитети поврзани со младинските школи на БРЕРА СТРУМИЦА. Затоа ги повикуваме сите симпатизери на нашиот клуб, заинтересирани деца кои сакаат да тренираат во младинските погони на БРЕРА СТРУМИЦА и нивните родители како и сите струмичани во четврток од 9 до 11 часот на спортскиот комплекс да бидат дел од ОТВОРЕНИОТ ФУДБАЛСКИ ДЕН НА БРЕРА СТРУМИЦА И ЗАЕДНО ДА ГО ПРОСЛАВИМЕ РОДЕНДЕНОТ НА ГОРАН ПАНДЕВ