Управата на клубот и капитенот Марио Врдољак одлучија спогодбено да го раскинат договорот за ова првенствена сезона што значи дека во пролетниот дел од шампионатот, нема да настапува овој 30 годишен фудбалер од средниот ред за нашиот сениорски состав.
Врдољак во нашиот клуб дојде на стартот од ова првенствена сезона. Одигра вкупно 16 првенствени натпревари и беше еден од столбовите на нашиот тим и мотиватор на играта. Марио беше асистент за два гола, додека во дуелот со Струга Трим Љум во гости беше еден од стрелците за нашата победа.
Му се заблагодаруваме на Марио Врдољак што беше во нашиот тим, за професионалниот однос и неговиот придонес во играта на Брера. Му посакуваме многу среќа и упсеси во понатамошната кариера.