По победата над Гостивар во рамките на осминафиналето од Фудбалскиот КУП на Македонија, нашиот тим за противник во четврфиналето од оваа натпреварување го доби тимот на Тиквеш од Кавадарци. Вака не посака среќата при денешната ждрепка во ФФМ каде беа извлечени четврфиналните двојки. Натпреварот ќе се игра на 8 ми ноември во Кавадарци со почеток во 13 часот. И овој круг од Купот на Македонија се игра само еден натпревар, при што победниците се пласираат во полуфиналето.
Со Тиквеш од Кавадарци ова сезона игравме во рамките на четвртото првенствено коло од Првата фудбалска лига и тоа на свој терен. Тогаш славевме со 2:0 кога Христијан Малески и Мартин Ѓеоргиевски беа стрелци на головите.
Во останатите четвртфинални двојки од КУПОТ се среќаваат
Брегалница – Воска Спорт
Работнички – Шкупи
Македонија ЃП – Силекс