Тиквеш наш противник во четвртфиналето од Купот – ќе играме во Кавадарци на осми ноември

По победата над Гостивар во рамките на осминафиналето од Фудбалскиот КУП на Македонија, нашиот тим за противник во четврфиналето од оваа натпреварување го доби тимот на Тиквеш од Кавадарци.  Вака не посака среќата при денешната ждрепка во ФФМ каде беа извлечени четврфиналните двојки. Натпреварот ќе се игра на 8 ми ноември во Кавадарци со почеток во 13 часот. И овој круг од Купот на Македонија се игра само еден натпревар, при што победниците се пласираат во полуфиналето.

Со Тиквеш од Кавадарци ова сезона игравме во рамките на четвртото првенствено коло од Првата фудбалска лига и тоа на свој терен. Тогаш славевме со 2:0 кога Христијан Малески и Мартин Ѓеоргиевски беа стрелци на головите.

Во останатите четвртфинални двојки од КУПОТ се среќаваат

Брегалница – Воска Спорт
Работнички – Шкупи
Македонија ЃП – Силекс

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera vs AS Junajted cela utakmica 20 10 2024
20.10.2024
Brera vs Voska Sport Higlights
20.10.2024
Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.