Нашиот прв тим викендов ќе ја заокружи првата фаза од подготовките за новата првенствена сезона, по што од понеделник заминуваме за Банско Бугарија каде ќе ја темпираме формата и преку контролни пријателски натпревари.
Според програмата, во Банско Бугарија сениорскиот состав на „Брера Струмица“ останува до 22 јули каде ќе одработиме и четири пријателски натпревари. На 12 ти јули, нашиот тим предовден од италијанскиот стратег Валенти ќе се соочи со „Селимбар“ од Романија. Пет дена подоцна силите ќе ги одмериме со „Теута“ од Драч Албанија. Според планот на 21 ти јули играме со репрезентативниот состав на Киргистан кој исто така е на подготовки во Банско Бугарија а втората фаза ја завршуваме со пријателски натпревар со ,,Алтин Асир“ од Туркменистан кој е закажан на 22 јули.
Третата фаза до стартот на новата првенствена сезона ќе ја одработиме во Струмица кога планираме и контролен натпревар.