Јован Симиќ: Оваа сезона ги очекувам резултатите, младите и оваа сезона ќе ни бидат во фокус !

Спортскиот директор Јован Симиќ очекува оваа сезона да излезат на виделина работите за кои минатата сезона се вложуваше. Како што подвлече оваа сезона ќе се собираат плодовите од онаа што во псоледната беше засеано. Симболички, имајки во предвид дека во првата година новиот менаџмент на нашиот клуб се фокусираше на задржување на прволигашкиот статус но и на воспоставување на еден систем и темели на еден професионален клуб кој допрва треба да ги дава резултатите.

,, Како што и кажавте, минатата сезона работевме да воспоставиме еден систем и темели за се она што не очекува оваа сезона и за онаа што се надеваме дека оваа сезона ќе успееме да ги собереме плодовите од онаа што претходната го посадивме, ајде така да се изразам. Дефинитивно оваа сезона ќе биде важно онаа што ќе можеме да го направиме отколку што ќе го зборуваме. Ние може да зборуваме дека ќе направиме многу работи, но онаа што ќе биде важно е што ќе направиме ние надвор од терените и фудбалерите внатре на терените. Тоа  ќе биде важно и единствен показател дали сме на вистинскиот пат и дали сме работеле добро или не.Секој треба да го понесе својот дел од одговорноста и работата која треба да се заврши, за да на крајот ги добиеме резултатите кои ги посакуваме , чекаме и за кои се надеваме а тоа ни е и целта. Мислам дека македонската јавност оваа сезона ќе виде уште поорганизиран клуб, една екипа која на теренот ќе биде уште поподготвена која се надевам дека ќе ја подигне летвичката со својата игра и ние кои работиме во клубот од организационен аспект,, кажа спортскиот директор Јован Симиќ

Според него оваа сезона се размислува да се воведат менторски програми од каде малдите ке учат од повозрасните, да се направи една силна врска меѓу искуството и младоста бидејки десетина фудбалери од младинсктие погони се прекомандувани во првиот тим и ќе му стојат на располагање на Бојан Круљ. Оваа се размислувањата бидејки младинските погони се најголемото богатство на клубот

,,Дефинитивно  она што е највредно  што Брера  го наследи од Академија Пандев е токму тој потенцијал во младите категории и Академија која во регионот е еден од водечките производители на млади фудбалери и таленти. Навистина нешто што е висок стандард и сега Брера има обврска да го негува таа историја на Академијата и да го надогради со некои свои резултати и како што кажавте со спојот на младоста и искуството да се донесат резултати. Имаме замисла и би било добро возрасните и поискусните фудбалери да бидаат ментори на младите да направиме некои менторски програми за да младите учат од повозрасните кои ќи бидат мотиватори и активатори на нивниот развој.  Така да, мислам дека повозрасните фудбалери со односот кои ќе го имаат кон помладите ќе биде круцијален и за нашиот клуб и за тоа како ќе се развива кариерата на младите.. Затоа одбираме со кои возрасни и искусни фудбалери влегуваме во соработка и кој се носиме во нашито клуб, бидејки реално овој клуб е и наша куча и она што на сите го кажуваме и кога се договараме со некои, не сакаме  во нашата кука да пуштаме било кој. Ние сакаме  тоа да бидат квалитетен човек,  квалитетен  фудбалери за да сите ние овде напредуваме. Тоа ни е целта. Со внимателна селекција на луѓе на секое нниво ќе може да напредуваме а најмногу младите, што впрочем ни е целта“, вели Симиќ

 

This site is registered on wpml.org as a development site.