Следен натпреварФК Гостивар vs ФК АП Брера Струмица/21.04.2024/Градски стадион Гостиварmk

We are Brera Strumica

Кампања за обединување на страста и гордоста

Ова е многу повеќе од само промотивна кампања. Уште од самиот почеток, нашиот фудбалски клуб е воден од помислата за промоција на локалните вредности, а потврдата за тоа е што нашето ребрендирање се полага на додавањето на името на нашиот прекрасен град како наставка во нашиот официјален назив – Брера Струмица.

Со кампањата „Ние сме Брера Струмица“ сведочиме за спојот на фудбалскиот жар со локалната гордост која ја имаме во изобилие. Струмица е македонскиот „фудбалски расадник“, а Брера Струмица не е само клуб, тој е симбол на единство, страст и промоција на динамичниот и спортски дух кој го дефинира нашиот град кој изобилува со природни убавини и богата историја.

Во оваа наша фото кампања се обидовме да ја доловиме суштината на нашето фудбалско патување разубавено во позадина со исконсите знаменитости на Струмица. Од драгоцените историски обележја до раздвижените урбани улици, секој кадар раскажува своја приказна за триумфот, издржливоста и непоколебливиот дух на нашата заедница.

Си зададовме света мисија, дека гордо ќе ги претставуваме нашиот клуб и град каде и да играме! Енергијата на теренот не е само поради фудбалот, таа ја отсликува живоста на нашиот град и фудбалската магија која живее во него заедно со сите нас. Секој успех, гол и победа се резултат на и доказ за нашата безусловна љубов кон спортот кој го играме, клубот кој го претставуваме и градот во кој живееме.

Погледнете ги нашите фудбалски херои кои гордо позираат на Царевите кули, градското шеталиште и градскиот плоштад, пред споменикот на Гоце Делчев и во прекрасниот градски парк во Струмица – Нашата кампања не е само промоција на нашиот клуб, тоа е прослава на градот во кој живееме, градот што го обликува нашиот идентитет.

Преку различноста на градот и градските знаменитости, симболично би сакале да ги прикажеме и вредностите кои ги негуваме во нашиот фудбалски клуб, претопувањето на различни култури, традиции и приказни на фудбалери од различни земји, религии и национални припадности, во една единствена и заедничка приказна, преку која каде и да одиме, гордо може да кажеме дека „Ние сме Брера Струмица“!

This site is registered on wpml.org as a development site.