Нашата приказна започнува со Горан Пандев – човек кој потекнува од Струмица а со фудбалот ги освои фудбалските височини во Европа како на клупско така и на репрезентативно ниво. Љубовта кон фудбалот ја преточи и со формирање фудбалски клуб во 2010 со цел да го врати фудбалскиот сјај во родната Струмица. Ја основа ФК „Академија Пандев“ и започна да инвестира во идејата да создаде вистинска фудбалска академија каде младите ќе добијат можност и стручно насочување кон фудбалот како спорт.
Четири години потоа клубот во ФФМ пријави сениорски тим и за три години стаса до Првата фудбалска лига станувајки Шампиони во Општинската , Третата лига Исток и Втората фудбалска лига на Македонија. Истата 2014 година започнува изградбата на Спортски центар „Пандев“ во Струмица, во непосредна близина на градскиот стадион. Овој центар претставува модерен мултифункционален објект за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев.
Добра стратегија за подобар резултат
Секогаш играње со срце на теренот
Заеднички до подобар резултат
Секогаш со цел за подобар квалитет
Од натпреварувачката 2017/2018 е дел од најквалитетното македонско фудбалско друштво при што две години подоцна во 2019 та го освои Купот на Македонија и дебитираше на Европската сцена каде по вторпат излезе натпреварувачката 2021/2022 откако го освоија второто место и станаа фудбалски вицешампиони на Македонија.Во 2023 година ФК Академија Пандев АД се ребрендираше во ФК АП Брера Струмица, откако италијанско-американската компанија Брера Холдинг го купи мнозинскиот пакет акции. Во досегашниот тек на постоење на клубот, освен со сениорскиот освоени се и повеќе Шампионски и КУП титули во младинските конкуренции а голем број на фудбалери од нашиот клуб се дел од младинскиоте и сениорската фудбалска репрезентација на Македонија
Нашата визија и мисија е да бидеме Фудбалски клуб кој ќе продуцира квалитетни фудбалери, натпревари но и да освојува титули. Да бидеме постојано во врвот на мак фудбалот и да ја презентираме нашата работа но и потенцијалoт што го поседуваме на Европската фудбалска сцена. Во нашиот клуб сите делиме едно исто мото да создадеме позитивна атмосфера, професионално да работиме и да се позиционираме како лидери во фудбалот во нашата земја. Нашиот фокус останува да го негуваме и тоа да пронајдеме нови таленти и да изградиме, квалитетни играчи за домашни и интернационални титули.
Спортскиот центар „Пандев“ е спортски објект во Струмица кој сè уште е во тек на изградба. Центарот е предвиден да биде мултифункционален објект. Тој е иницијатива на македонскиот фудбалер Горан Пандев. Објектот се наоѓа во непосредна близина на Спортската сала „Парк“ и стадионот „Благој Истатов“. По неговата изградба, истиот треба да служи за потребите на младинците и сениорите на ФК Академија Пандев Брера Струмица.