Следен натпреварФК Работнички vs ФК АП Брера Струмица/22.09.2024/Национална арена Тоше Проескиenmk

Подготвени сме за новата сезона – против Вардар одиме на добар резултат

Утре нашиот тим против Вардар од Скопје ја отвора новата првенствена сезона.  Дуелот ќе се игра на стадионот ,,Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 20 часот под рефлектори.  Во таборот постои оптимизам за добар резултат на почетокот на првенството. Стратегот Бојан Круљ вели дека имаме една одлична екипа составена од млади и искусни фудбалери

„Нè очекува дуел со Вардар во првото коло од новата сезона. Она што за мене е многу важно е што новите играчи одлично се вклопија во тимот. Мислам дека направивме една одлична група, староседелците добри ги прифатија новајлиите. Спремни сме за премиерата и да покажеме добар фудбал и да обезбедиме добар резултат“, рече Круљ.

Нашиот капитен Мартин Ѓоргиевски вели дека  атмосферата во тимот пред натпреварот со Вардар е одлична

„Максимално сме подготвени за дуелот со Вардар и со нетрпение го очекуваме почетокот на сезоната. Се воигравме добро, а одлично се вклопија и оние што подоцна се придружија на екипата. Мислам дека направивме одличен спој на млади и искусни играчи, па затоа ќе целиме на повисок пласман на табелата,, вели Ѓоргиески

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

И покрај негативата се изборивме за реми – нашите млади дебитираа во Лигата на шампиони
17.09.2024
BreraAP vs Saraevo Highlights
17.09.2024
ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.