Следен натпреварФК Работнички vs ФК АП Брера Струмица/22.09.2024/Национална арена Тоше Проескиenmk

Против Шкендија под рефлектори – со поддршка на публиката до нов успех !

Во недела на стадионот Благој Истатов во Струмица во рамките на третото првенствено коло, нашиот тим игра со Шкендија. Мечот ќе се игра под рефлектори со почеток во 20 часот што е уште една убава можност за вистински фудбалски спектакл во Струмица. Поразот од Силекс за нашиот тим е веќе минато . Сите се свесни за лошото издание што ни дава дополнителен мотив да се поправи впечатокот.

,, Ја респектираме Шкендија и сакаме да го поправиме изданието од минатото коло. Лично, не сакам да откривам дали ќе има измени. Сите играчи се квалитетни, важни за тимот. Сигурно е дека ќе има ротација, но секој си ја знае својата улога. Сите се важни и сакам да го видам најдоброто од сите играчи. Како и на секој меч може да ветиме дека ќе го дадеме максимумот, а на минатата средба не бевме вистински и не сакаме тоа да се повтори. Поддршката од публиката ни е важна, очекуваме да ја добиеме“, изјави Круљ,

За важност на мечот свесен е целиот тим. Сите најавуваат максимум на теренот и поправање на впечатокот од Кратово. Игор Јанкулов очекува поддршка од трибините но е убеден дека ќе се стопираат нивните одлични индивидуалци

„Очекуваме голема поддршка од публиката и да продолжиме со добрите резултати на домашен терен, а со тоа и да го заборавиме претходниот пораз. За натпреварот се подготвуваме како и за секој друг, Шкендија има одлични индивидуалнци и верувам дека ќе успееме да го запреме нивниот напад“,  Игор Јанкулов.

Офанзивецот Урош Стамениќ признава дека против Силекс го одиграле еден од најлошите натпревари.

„ Сега се надевам дека ќе ја имаме поддршката од публиката и тоа би била наша голема предност заедно со енергијата која недостасуваше во тој претходен натпревар,, кажа Стамениќ

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

И покрај негативата се изборивме за реми – нашите млади дебитираа во Лигата на шампиони
17.09.2024
BreraAP vs Saraevo Highlights
17.09.2024
ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.