Следен натпреварФК Работнички vs ФК АП Брера Струмица/22.09.2024/Национална арена Тоше Проескиenmk

Пораз во Струга, со играч помалку не успеавме да го издржиме притисокот

Нашите првотимци претрпеа пораз на гостувањето во Струга од актуелниот шампион Струга Трим Љум со 2:0. Поразот дојде во второто полувреме кога нашиот тим беше со играч помалку откако во финишот од првите 45 минути Лазиќ доби црвен картон поради два жолти. Сето тоа го наруши концептот на игра каде падна и концентрацијата на нашите играчи и примивме два лесни гола во рок од 15 тина минути. Тоа го потврди и стратегот Бојан Круљ

„Тешко беше да се игра 45 минути со играч помалку против квалитетна екипа како Струга. Наивно го добивме црвениот картон и сигурно дека беше тешко со десет играчи да се издржи притисокот кој противникот го наметна. Немам што да замерам за залагањето, само црвениот картон ни ја поремети концепцијата. Но, одиме понатаму, сега ни следи репрезентативната пауза при која ќе имаме панса да се спремиме добро за продолжението на првенството“

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

И покрај негативата се изборивме за реми – нашите млади дебитираа во Лигата на шампиони
17.09.2024
BreraAP vs Saraevo Highlights
17.09.2024
ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.