Следен натпреварФК Работнички vs ФК АП Брера Струмица/22.09.2024/Национална арена Тоше Проескиenmk

Одлично преставување на нашите деца на турнирот ,,Радомир Антиќ“ во Србија

Изминатиов викенд нашите дечиња во од генерациите 2016, 2015, 2014 и 2013 учествуваа на меѓународниот турнир ,,Трофеј Радомира Антиќ“ во Ужица во Србија каде имавме одлично преставување со сите четири генерации а со 2015 освоивме бронза

Дечињата предводени од Томе Христов во групата забележаа две победи и еден пораз и како второпласирани се најдоа во четвртфиналето каде против Слога беа подобри во пенал рулетотот по ремито од 2:2. Во полуфиналето децата се соочија со тимот на Црвена ѕвезда каде изгубивме и во борбата за трето место славевме против Спарта 369 на пенали откако регуларниот дел заврши без голови

Генерација 2016 предводена од Никола Костадинов во групата беше прва со две победи и едно реми. Во четвртфиналето  изгуби несреќно и пропушти шанса за медали

Генерацијата 2014 предводена од стратегот Кире Ангеловски немаше среќа уште во групната фаза . Со две победи реми и еден пораз беше на делба на второто место но гол разликата одлучуваше и не се пласира во четвтр финалето

Дечињата на Љупчо Пеев или генерацијата 2013 имаше максимален учинок во групната фаза. Оставарија три победи но немаа среќа во четвртфиналето каде беа стопирани од екипата на Алфа.

Со прикажаната игра во сите четири конкуренции, нашиот клуб доби позитивни критики како од организаторите така и од сите учесници на четвртото по ред издание на овој детски фудбалски турнир

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

И покрај негативата се изборивме за реми – нашите млади дебитираа во Лигата на шампиони
17.09.2024
BreraAP vs Saraevo Highlights
17.09.2024
ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.