Следен натпреварФК Работнички vs ФК АП Брера Струмица/22.09.2024/Национална арена Тоше Проескиenmk

По две недели пауза и со нов тренер и засилувања, утре против Беса

Утре продолжуваат натреварите од Првата фудбалска лига на Македонија а нашиот прв тим на стадионот Благој Истатов го пречекува новајлијата Беса.  За нас ова е исклучително важен натпревар по серијата од три лоши првенствени настапи и смена во стручниот штаб. Познато е дека спогодбено се разделивме со Бојан Круљ а а негово место дојде Горазд Михаилов. Паралелно во нашиот табор допатуваа и нови имиња као што се Коста Манев  и   Абдул Руатубјаје од Руанда . Стратегот Михаилов најави дека против Беса ќе излезе со неколку измени во играчкиот состав

„Седум осум дена сум екипата, имам слика за ситуацијата бидејќи ги познавав играчите уште пред да дојдам. Нормално дека ќе има измени во тимот, сето тоа во интерес да одиме до посакуваната цел, а тоа се трите бода против Беса. Нема да биде лесно, играме против една екипа која има доста квалитетни играчи. Имаат тренер кој бил тука во минатото и ја познава средината, а фудбалерите освојувале титули и ја познаваат лигата.Атмосферата во тимот е на високо ниво. Сите се мотивирани, кој и да истрча на теренот ќе даде максимум. Верувам дека со поддршка од публиката ќе дојдеме до бодовите кои многу би ни значеле во понатамошниот дел од првенството“, изјави Михајлов.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

И покрај негативата се изборивме за реми – нашите млади дебитираа во Лигата на шампиони
17.09.2024
BreraAP vs Saraevo Highlights
17.09.2024
ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.