АП Брера Струмица по четири кола лидер во ПМФЛ со максимален учинок !

Првиот тим на АП Брера Струмица го одигра и четвртиот првенствен натпревар од ПМФЛ и ја забележа четвртата победа во Шампионатот. На свој терен со 2:0 го надигра и Тиквеш од Кавадарци кој се покажа како доста незгоден противник. Цели 72 минути им беа потребни на момците на Џовани Валенти да го скршат отпорот на гостите од Кавадарци кои имаа и свои шанси на мечот. Христијан Малески кој влезе во второто полувреме беше изненадувањето на мечот. По одличниот изведен корнер од страна на капитенот Врдољак тој со глави ја смести топката во мрежата на Тиквеш.  Конечниот резултат го постави младиот Мартин Ѓеоргиевски кој во судиското надополнување н амечот беше присебен и успеа да ја смести топката во мрежата на Столе Димовски.  Тежок натпревар во кој сите фудбалери дадоа свој придонес а на голот блескаше и Марко Алчевски.

АП Брера Струмица на прволигашката табела е прв со вкупно 12 бода односно со баланс четири натпревари четири победи. Во овие мечеви постигнавме седум голови а примивме само еден. Против Вардар славевме со 1:0 каде стрелец беше Ѓеорги Јанкулов. Во вториот меч Ване Крстевски и Агрон Руфати ја донесоа победата од 2:0. Ване Крстевски и капитенот Марио Врдољак беа стрелци против шампионот каде славевме со 2:1

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera vs Rabotnicki pioneri 28 03 2025
28.03.2025
FK Brera vs FK Shkendija (Pioneri) 08 03 2025
08.03.2025
FK Brera vs FK Shkendija (Pioneri) Highlights 08 03 2025
08.03.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.