Струмичанецот Зоран Андонов е ново засилување на нашиот сениорски состав. Андонов кој лани настапуваше за Штипска Брегалница веќе се приклучи на подготовките на нашиот прв тим за вториот дел од првенството. 23 годишниот Андонов кој игра на левата бековска и крилна позиција, за штипјани оваа првенствена сезона одигра 12 натпревари при што постигна еден гол а во два наврати беше асистент на реализација. Станува збор за фудбалер кој има одлична контрола на својата позиција на фудбалските терени.
,, Ми преставува големо задоволство што по неколку сезони повторно се враќам во Струмица и сега ќе бидам дел од Брера Струмица. Срекен сум што сум овде и се надевам дека ќе прикажам добри игри заедно со тимот, за да ја исполниме целта за вториот дел од првенството на задоволство на симпатизерите на клубот но и лубителите на фудбалот од Струмица“ , кажа Андонов
Зоран својата кариера ја почнува во Беласица по штo има настапувано и за Пехчево и Детонит Плачковица.
Му посакуваме добредојде на Андонов и многу среќа и успеси со нашиот состав.