Нашиот сениорски состав забележа победа против Македонија ЃП и се одлепи од опасната зона на прволигашката табела, што е една од главните цели за овој дел на првенството. На стадионот „Кукуш“ во Турново избраниците на Бојан Круљ славеа со 3:0 над гостинскиот состав кој не успеа дакреира ниту една посериозна шанса за гол пред Марко Алчевски.
Нашите сениори резултатот го отворија уште во раната фаза од мечот. Матеј Цветановски донесе радост во четвртата минута од мечот а осум минути подоцна Даниел Миловановиќ зголеми на 2:0. Конечниот резултат го постави Ѓорѓе Ивковиќ кој по асистенција на Цветановски со глава ја затресе мрежата по трет пат на Македонија ЃП.
Во второто полувреме заради директен црвен картон на Стефан Наумчевски, останавме без играч помалку на теренот. Но воопшто не се почуствува недостатокот играчки туку, момците на Круљ постојано доминираа на теренот
Со новите три бода нашиот тим се искачи на петата позиција на табелата. Следното коло за противник го имаме Гостивар на кој му гостуваме.