Нашите младинци или У 19 екипата, од понеделник ќе земе учество на реномираниот интернационален фудбалски турнир ,,КУП на Пријателство“ во Златибор Србија . Момците предводени од Ѓорѓе Стојчев, Мартин Алаѓозовски и координаторот Борче Апостолов играат во групата Ц каде се и екипите на Партизан од Белград Србија и Железничар од Босна
Ова не е прво наше учество на КУПОТ во Златибор. Нашите момци со својата игра секогаш привлекувале внимание кај фудбалските работници на Балканот. Турнирот го започнуваме со малдите на белградски Партизан во вторник 4 јуни во 13 часот додека со Железничар играме следниот ден во 11 часот.
Доколку успееме да се пласираме на првите две позиции тогаш играме со најдобрите две екипи од групата Д каде се екипите на Будучност од Црна Гора, Сарајаево од Босна и Осијек од Хрватска.
Лани во групната фаза славевме против Војводина и Сараево и обезбедивме пласман во четвртфиналето.