Нашите млади Живко Крстев и Марио Костов добија договори за првиот тим

Живко Крстев и Марио Костов членови на младионскиот тим на нашиот клуб потпишаа договори за настап и во иднина во дресот на Брера. Станува збор за 19 годишни фудбалери кои во младинската Супер лига ги презентираа своите играчки перформанси а како клуб кој води грижа за својот потенцијал им понуди договори и ги отвори вратите за првиот тим.

Живко Крстев во младинскито шампионат изминатата сезона за нашиот тим постигна дури 30 гола а одличен во првенството беше и Марио Костов. Станува збор за млади и надежни фудбалери кои се градеа во нашите погони и допрва од нив се очекува да бидат креатори на играта во сениорскиот тим.

Ова е потврда дека како клуб даваме шанса и можност за нашите млади да градат професионална кариера. Во нив контуинирано вложуваме за да бидат квалитетни фудбалери како на фудбалските терени така и надвор од нив.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024
Победа над Беса за враќање на самодовербата, одличен старт и за стратегот Михаилов
15.09.2024
Brera AP vs Besa Highligts 15.09.2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.