22 годишниот Димитар Тодоровски од Скопје е ново засилување на нашиот прв тим за следната сезона. Тодоровски кој е играч од средниот ред, потекнува од школата на Работнички каде настапуваше и во изминатото првенство во кое запиша два гола и една асистенција. Тодоровски е член и на младинската фудбалска репрезентација на Македонија за која има вкупно 29 настапи . Важи за доста квалитетен фудбалер кој максимално се залага на терените.

Кумановецот Филип Антовски кој игра на левата бековска позиција го облече дресот на Брера Струмица Тој стави потпис на договорот со нашиот клуб и следната сезона ќе биде дел од првиот тим на стратегот Бојан Круљ.
23 годишнниот Антовски кој беше и младински репрезентативец доаѓа од чешкиот Карвина а во својата кариера има настапувано и за Славија Софија, Австрија Виена, Истра Хрватска. Инаку станува збор за фудбалер од младинскитое погони на Вардар кој во 2019 премина во Динамо Загреб.
