ФК Брера Струмица и ЖФК Тиверија беа домаќини на околу 60 тина лица со попречености од повеќе Дневни центри и здруженија од земјава и преку игра и забава, се едуцираа, спортуваа и рекреираа во спортската сала Парк. На тој начин се испрати порака дека не постојат различности и дека треба да се даде можност и простор, секој да го почуствува и покаже спортскиот дух.
Лицата можеа да играат фудбал, кошарка и специјално креирани игри за нив а дел од професионалните спортски работници од ФК Брера Струмица и ЖФК Тиверија беа нивни ментори, поддршка но и едукатори. Сите тие преку лесни игри и дружење се едуцираа за убавините на фудбалот а се обидоа да играат и со топка докажувајки дека спортот нема граници.
Ова е резултат на соработката што ФК „Брера Струмица“ ја воспостави со Здружението на лицата со попречености ,,Нова искра, нова надеж“ од Радовиш кое годинава одбележува 10 години постоење. На денешниот спортски хепенинг присуствуваа лица од Дневните центри за поддршка на лица со попречености од Гевгелија, Демир Капија, Виница, лица од Заводот Бања Банско, како и лица Здруженијата Порака од Неготино и Мобилност од Струмица