Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Италијански „Медиспорт“ – бренд во спортската и физикална медицина, нов спонзор на ФК Брера Струмица

Италијанскиот бренд во спортската и физикална медицина „Медиспорт“ се приклучи во семејството спонзори на нашиот клуб откако го препозна професионалниот пристап на работа. Станува збор за компанија која на пазарот е присутна од 1991 година и со опрема за спортска медицина ги снабдува најголемите фудбалски клубови во регионот. Од денеска во ова семејство влегува и ФК Брера Струмица во кој препознаа иднина на македонскиот фудбал. Застапникот на „Медиспорт“ за Југоисточна Европа – Бранко Ериќ го истакна задоволство од остварената соработка со ФК Брера Струмица кој го нарече најпрогресивниот фудбалски клуб во Македонија.

,, Како лидери од областа на спортската и физикална медицина, интенција ни е да се поврземе со клубовите, фудбалските сојузи но и брендовите кои се лидери во ова поле. Во ФК Брера Струмица препознаваме иднина на македонскиот фудбал. Овој клуб изминатиов период негува висок професионален пристап во работата и тоа на привлече за соработка. Сакаме оваа соработка да биде подстрек и за локалните дистрибутери на територијата на Македонија бидејки тоа е пазар со висок потенцијал. Желба ни е на сите нас кои сме во брендот „Медиспорт“ е да обезбедиме што подобри услови за сите спортисти, за превенција од повреди и евентуално лекување и рехабилтација,, изјави Бранко Ериќ застапникот на „Медиспорт“.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.