Фудбалерите на Брера ги одработуваат последните тренинзи пред неделниот натпревар со екипата на Македонија ЃП. Како што е познато дуелот ќе се одигра во Турново на стадионот ,,Кукуш“ со почеток во 14 часот каде влезот ќе биде бесплатен. Стратегот Бојан Круљ истакна дека атмосферата во првиот тим е одлична и сите момци се жедни за ново докажување. Како што подвлече важно е фудбалерите да имаат карактер и јасна желба како и цврст став на професионалност кога влегуваат на теренот
,,Во Кратово покажавме карактер, став, јасна желба и амбиција. Тој натпревар помина и успеавме да победиме. Веќе го заборавивме и се подготвуваме за наредниот противник а тоа е Македонија ЃП која е доста квалитетна екипа и мислам дека незаслужно се на таа позиција на која што се наоѓаат на прволигашката табела. Мислам дека среќата многу не ги сака и секогаш нивните резултати беа тесни со гол разлика а се доста квалитетен тим. Нам фокусот ќе ни биде мобилноста и тоа да ги имаме сите на располагање во недела и секако да направиме добар резултат и ако може да славиме победа за да ги потврдиме трите бода од првото коло,, смета Круљ.
Како што подвлече стратегот суште не е дефиниран првите единаесет кои ќе им се спротистават на фудбалерите на Макеоднија ЃП. Според него кој и да добие шанса треба да ја искористи и излезе професионално со цврст и јасен победнички став.
,, Колку што гледам на тренинзите, атмосферата е феноменална и мислам дека на натпреварот во Кратово, клучна улога одиграа резервистите, играчите од клупата. Тоа е став кој што треба секој професионалец да го поседува. Им честитам за тоа. Секој играч е важен, тоа постојано го зборувам. Имаме 24-25 квалитетни фудбалери. Годините не се важни, тие се само бројка но ставот, желбата со која ќе се излезе на теренот на натпреварот е тоа е важно и што ја прави разликата“, кажа Круљ.
Мечот во Турново против Македонија ЃП се игра во недела со пчеток во 14 часот. Адатпирани се сите трибини како и соодветен паркинг за сите посетители. Влезот за мечот е слободен