Две генерации на ФК АП Брера Струмица и тоа 2014, 2015 година, обезбедија пласман на завршен турнир од Детската лига на ФФМ во Скопје откако денеска на регионалниот, во конкуренција на пет екипи од овој дел на државата беа на тронот односно меѓу најдборите три екипи.
На овој тунир кој се играше на теренот со вештачка трева во Струмица, учествуваа нашиот клуб како и младинските погони на ФК Беласица, ФК Азури од Радовиш, ФК Кожув од Гевгелија и ФК Победа од Валандово. Сите тие дојдоа и настапија со свои тимови во сите три генерации.
Генерацијата 2014 година на нашиот клуб предводена од тренерот Кире Ангеловски славеше во финалето против Валандовска Победа и го освоија првото место. Прво место освои и генерацијата 2015 предводени од Томе Христов кои во финалето славеше против надежите на Азури од Радовиш додека нашите најмлади фудбалерчиња од генерацијата 2016 со теренерот Никола Костадинов го освоија третото место.
Ова е потврда дека Брера Струмица има одличен потенцијал и вложува во фудбалските надежи уште во детските години и со стручна и посветена работа гради млади и квалитетни спортисти но и личност