Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Нашиот прв тим се засили со напаѓачот Ивковиќ од Србија – ќе има и други засилувања !

Нашиот тим се засили со 27 годишниот напаѓач Џорџе Ивковиќ од соседна Србија кој во есенската полуетапа настапуваше за Раднички Сремска Митровица. Со овој клуб  во Првата српска лига есента одигра 17 натпревари при што три пати ја тресеше мрежата на противниците а забележа и една асистенција.  Претходно Ивковиќ има настапувано за Лаци од Албанија, Акжањик од Казахстан, ИМТ Београд, Златибор,  Анкаран Словенија, Спартак Суботица,  Слобода Ужице и други српски клубови

,,Ми преставува посебно задоволство што ќе бидам дел од Брера Струмица – фудбалски клуб кој има јасно дефинирана визија. Имам слушнато за клубот и среќен сум што дојдов овде. Навистина има одлични услови за работа но и како што забележувам доста професионалност во секој аспект што ме радува. Се надевам дека ќе продолжам да постигнувам голови и заедно со тимот ќе ја исполниме целта за втората етапа од првенството,, кажа Ивковиќ

Нашиот клуб претходно го ангажираше Даниел Миловановиќ а како што најави стратегот Бојан Круљ се очекувааат и други засилувања во наредните денови со што ќе се направи една компактна екипа за пролетниот дел од првенството.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.