Нашите момци се пласираа во четвртфиналето од Купот на Македонија

Со головите на Даниел Миловановиќ и Роџерс Мато, нашиот прв тим обезбеди пласман во четвртфиналето од фудбалскиот Куп на Македонија. На стадионот во Струмица избраниците на Горазд Михаилов  победата ја заверија во второто полувреме против незгодната Беса која беше рамноправнa во текот на целата средба.

По неискористените шанси од Каланоски и Мато, замената на Мартин Ѓоргиевски – Даниел Миловановиќ со соло продор по десната страна во 84 минута успеа да изгради шанса и со прецизен шут донесе водство од 1:о. Во судиското надополнување  Роџерс Мато  успеа да направи контра и да го матира Захов за конечни 2:о

Во четвртфиналето можни противници може да бидат екипите на Детонит  Плачковица и Арсими како второлигаши но и прволигашите Гостивар, Шкендија, Силекс, Струга и Вардар.

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera vs Rabotnicki pioneri 28 03 2025
28.03.2025
FK Brera vs FK Shkendija (Pioneri) 08 03 2025
08.03.2025
FK Brera vs FK Shkendija (Pioneri) Highlights 08 03 2025
08.03.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.