Победа над Беса за враќање на самодовербата, одличен старт и за стратегот Михаилов

Нашиот сениорски тим денеска славеше против Беса со 3:2 и дојде до нови три бода во првенството за враќање на самодовербата и исполнување на зацртаните цели. Одлична партија на нашите момци, посебно во второто полувреме кога за 11 минути постигнавме три гола. Нашата победа можеше да биде и поубедлива бидејки ни беа поништени неколку гола а гостите од два прекина се надеваа за поволен резултат. Ивковиќ и Ѓеоргиевски беа момците кои донесоа радост на нашата клупа но и на трибините на стадионот Благој Истатов.

Првото полувреме се надмудрувавме со гостите без некои посериозни шанси на двете страни. Страгегот Михаилов во второто полувреме ги внесе Мато. Ѓорѓиевски и Руатубјаје кои ја ,,размрдаа“ играта и нашите преку Ивковиќ веднаш постигнаа гол.Осум минути подоцна Ивковиќ одново беше во главната улога, откако изнуди пенал по стартот на Љамалари и пота го трансформираше во погодок за 2-0. Притисокот продолжи на нашиот состав. Во 57 минута Ивковиќ асистираше а Мартин Ѓоргиевски ја смести топката во мрежата на Беса за високи 3:0.  Гостите преку Љамалари и Реџепи намалија на 3:2.

Следното коло нашите момци му гостуваат на непоразениот Работнички а во меѓувреме ќе го одиграм и Куп мечот со Вардар од Неготино а младите на Брера и првито меч со тимот на Сараево во вторник од младинската Лига на шапиони.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera vs Rabotnicki pioneri 28 03 2025
28.03.2025
FK Brera vs FK Shkendija (Pioneri) 08 03 2025
08.03.2025
FK Brera vs FK Shkendija (Pioneri) Highlights 08 03 2025
08.03.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.