0
Продукти: 0
Вкупно: ден
Види ја кошничкатаКон наплата

Продолжен договорот со Бојан Круљ и за следната сезона – амбициите се врвот на лигата

Стратегот Бојан Круљ ќе ги предводи нашите првотимци и во наредната првенствена сезона. Управата на клубот го продолжи договорот со тренерот уверени дека може да се направи исчекор повеќе во следната сезона. Круљ во нашиот табор дојде на почетокот на 2024 и успеа резултатски да го стабилизира тимот но и да обезбеди опстанок во Првата лига. По завршување на последната првенствена сезона, Круљ кажа дека неговите лични амбиции е атак на врвот на прволигашката табела што впрочем се и амбиции на клубот.

,,Ќе се обидеме да бидеме на врвот од табелата а ако ни се даде можност за излез во Европа да го искористиме, оти тоа ни е цел. Наша цел  е да ги развиваме младите талентирани фудбалери и сигурно ке се обидеме да направиме баланс мегу младоста и искуството и екипата да биде стабилна во текот на целата сезона за да може да освојуваме бодови дома и во гости,, кажа Круљ на почетокот на јуни.

Круљ има 35 години. Претходно има работено во белградски Вождовац, Синџелич, ИМТ, Рудар од Приједор.Тој е млад и перспективен тренер кој од неодамна доби нов помошник а тоа е Милош Поповиќ од Србија кој има работено во сите категориии на Бродарац во Србија.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera vs Vardar (pioneri) Kup natprevar 02. 04. 2025
02.04.2025
Brera vs Makedonija Gorce Petrov Kup natprevar (Mladinci) 01 04 2025
01.04.2025
Brera vs Rabotnicki pioneri 28 03 2025
28.03.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.