Силекс го респектираме но нашите амбиции и цели оваа сезона се јасни !

Нашиот сениориски состав во рамките на второто коло од ПМФЛ му гостува на Силекс во Кратово кој во првото претрпе пораз. Тоа ќе биде тежок натпревар во кој домаќините ќе имаат намера да се рехабилитираат а ние да го продолжиме започнатото со Вардара.  Стратегот Боја Круљ кажа дека Силекс е квалитетна екипа и ќе мора да бидеме претпазливи но ако сите пристапат согласно нашите амбиции и цели оваа сезона  и пристапат како што беше против Вардар можно е позитивен резултат.

„Силекс  е квалитетна екипа и екипа која ја респектираме. Во првото коло не зедоа бодови но прикажаа квалитетна игра. Она што е важно е што моите момчиња јасно ги знаат нашите цели овааа сезона. Мораме да одиграме максимално ако сакаме да извлечеме позитивен резултат. Победата над Вардар треба да ни претставува голем мотив за понатаму и да ни даде ветер во грбот. Го очекувам истиот пристап на секој натпревар, само така може да се надеваме на поволен резултат“, кажа  Круљ.

Според Швајц ако успеедме да ги затвориме крилните играчи во Кратово, ќе биде многу полесно во дуелот со Силекс

„Ние како екипа сме компактни. Среќни сме што против Вардар славевме и се надевам дека во сличен стил ќе продолжиме и на мечот против Силекс. Ќе атакуваме на трите бода, иако знаеме дека Силекс е многу опасен, особено по крилните позиции“, рече Ристовски.

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024
Победа над Беса за враќање на самодовербата, одличен старт и за стратегот Михаилов
15.09.2024
Brera AP vs Besa Highligts 15.09.2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.