Со победа отворена новата првенствена сезона – совладан Вардар од Скопје

Нашите момци со победа ја отворија новата првенствена сезона. На стадионот Благој Истатов заблежавме победа над Вардар со 3:1, во натпревар во кој имавме целосна доминација а Ивковиќ и Олеосебикан ја донесоа радоста како за нашиот табот така и за присутните на трибините на стадионот Благој Истатов.

Ѓорѓе Ивковиќ донесе рано водство за нашите момци. Налета на одбранета топка и ја смести во мрежата на Вардаровиот голман. Гостите израмнија во 28 минута преку Захариќ. Но нашите момци не застанаа. Постојано притискаа кон голот на Варадар што резултираше со нов погодок на Ивковиќ а Олаосебикан ги постаи конечните 3:1

„Сакам да им честитам на момците за одлично одиграниот натпревар. Ова е сигурно нашиот најдобар натпревар откако сум јас тренер на тимот. Можам само да им честитам и да побарам да продолжиме во овој ритам.Сакам да им посакам среќа на фудбалерите на Вардар во сезоната, а ние веќе започнуваме да се подготвуваме за следниот натпревар“, рече Круљ.

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

FK Brera 3 – 1 Teteks Tetovo 08. 11. 2025 pomladi kadeti
10.11.2025
ZFK Tiverija Brera 0 – 1 ZFK Skopje 2014 09. 11. 2025
10.11.2025
FK Brera 3 – 0 OFK Tikves Kavadarci Generacija 2011/12 09. 11. 2025
09.11.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.