Сениорскиот состав на Брера утре на стадионот Благој Истатов во Струмица го пречекува актуелниот освојувач на Купот тимот на Тиквеш од Кавадарци. По ремито во Скопје против Работнички, нашиот стратег смета дека формата на нашите играчи оди во нагорна линија и цел ќе ни биде триумф и нови три бода на нашето конто
„Натпреварот со Работнички е во минатото, а сега се фокусираме на следниот предизвик. Ќе се соочиме со актуелниот Куп-освојувач и ќе се обидеме да ја повториме солидната игра што ја прикажавме на последните мечеви. Ми се чини дека формата оди во нагорна линија, а играчите се максимално подготвени за следниот меч. Тиквеш е непријатен противник, но ние ќе се обидеме да извадиме максимум пред своите гледачи. Им реков на играчите дека ќе растеме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе го докажеме тоа“, изјави тренерот Горазд Михајлов.