Во претпоследното коло и гостуваме на Шкупи – бодовите императив за двата тима !

Првиот тим на Брера Струмица во рамките на претпоследното 32 коло од Првата фудбалска лига на Македонија му гостува на Шкупи.  Тешко гостување со оглед дека Шкупи цели кон шампионска титула додека нашите избраници за опстанок, па секој бод од овој меч ќе биде подеднакво посакуван како од нивна така и од наша страна. Стратегот Бојан Круљ подвелеч дека ова ќе биде важен меч како за Шкупи така и за нас бидејки бодовите се имепратив и за двата тима

,, Шкупи атакува на титула ова сезона а ние за опстанок. Ќе дадеме се од себе да направиме добар резултат и да обезбедиме опстанокот после овој натпревар. Сите играчи се подготвени да го дадат максимумот. Очекувам добар натпревар и се надевам дека ќе се радуваме после овој меч,, вели Бојан Круљ стратегот на зелено црните

На нашиот тим им недостасуваат три бода да ја избегнат бараж позицијата за опстанок во Првата лига. Освен со Шкупи нашиот тим до крајот на првеснството се среќава и со Македонија ЃП на свој терен.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

FK Brera 1 – 0 FK Belasica Generacija 2011/12 24. 11. 2025
24.11.2025
FK Brera 3 – 0 FK Park (Kadeti) 23. 11. 2025
23.11.2025
ZFK Tiverija Brera 4 – 0 ZFK Recica 19. 11. 2025
19.11.2025

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.