Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Струга Трим Лум/24.11.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

150 дечиња од ООУ „Никола Вапцаров“ Струмица во посета на нашиот центар и клупски простории

Околу 150 ученици од ООУ ,,Никола Вапцаров“ од Струмица беа во посета на ФК „Брера Струмица“ и се информираа како функционира клубот но и како тече еден ден на нашите фудбалери. Тиe се дружеа со првотимците, се интересираа за фудбалската професија, за тренажниот процес,  условите за работа, за предизвиците. Станува збор за дечиња од второ и петто одделение од училиштето „Никола Вапцаров“ кои имаа можност да ја задоволат својата љубопитност за и околу Брера Струмица, нашите тренери и играчи.

Нашите фудбалери како “домаќини“ освен што се фотографираа со дечињата, ја презентираа салата за загревање, салата за консултации, за подготовка пред натпревари. Едноставно се обидоа да ја пренесат и престават фудбалската магија преку другарување, насмевки и позитивна енергија за што сведочеа насмевките.  Дечињата можеа и директно да се запознаат со справите и опремата која ја има во СЦ Пандев каде тренираат нашите момци

Како клуб секогаш сме отворени да ја презентираме нашата работа а посебно сме горди што не посетија дечиња кои за првпат имаа шанса одблиску да се запознаат како изгледа работата на фудбалерите и што се е потребно да се биде успешен спортист. Задоволството е големо што голем број дечиња покажаа интерес да се запишат во нашите школи што преставува дополнителна мотивација за нас да опстоиме на курсот за сплотување со средината и градење квалитетени фудбалери.

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP – Rabotnicki (kadeti) 13 11 2024
13.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Atletiko cela utakmica 10 11 2024
10.11.2024
Brera AP – FK Bregalnica (Mladinci) cela utakmica 10 11 2024
10.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.