Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Брегалница/05.05.2024/Стадион Кукуш Турновоmk

Утре против Гостивар во гости за позиционирање на средината од прволигашката табела

Во рамките на 28 то првенствено коло од Првата фудбалска лига на Македонија, нашиот прв тим му гостува на Гостивар во обид да се направи добар резултат со кој би се зацврстиле на средината на прволигашката табела.  Нашиот тим како што информираа од стручниот штаб е е подготвен за мечот.  Гостивар е незгоден противник посебно кога игра на свој терен. Но тоа не значи дека нашиот сениорски состав ќе настапи со бело знаменце. Ова ќе биде дерби меч за средината од прволигашката табела со оглед дека Гостивар е на шестата позиција со два бода пред нас.

,, Гостивар е доста незгоден тим против кого оваа сезона немаме победа. Императивот го гледаме тука и ќе се обидеме да направиме добар резултат против овој состав.  Ќе дадеме се од нас да извлечеме поволен резултат. Нема што да загубиме може само да добиеме. Атмосферата кај нас е одлична посебно по победата над Воска. Ќе биде тешко но нема откажување“ велaт дел од нашите играчи пред гостувањето во Гостивар

Против Гостивар ова првенствена сезона немаме пбоеда. На свој терен лани во октомври бевме поразени со 1:0 додека во реваншот на гости со 2:0. Со евентуална победа над гостивар нашиот тим ќе се искачи на 6 тата позиција додека соннерешен исход би се зацврстиле  на седмото место на кое атакуваат и други тимови.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Марко Алчевски капитенски предводник на Брера Струмица и еден од најдобрите голмани во македонскиот шампионaт
29.04.2024
Alcevski intervencii
29.04.2024
Brera AP vs Vardar highlights
29.04.2024

Спонзори

This site is registered on wpml.org as a development site.