Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Струга Трим Лум/24.11.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Валенти и Алчевски: Во Тетово не одеме со бело знаме туку по позитивен резултат – мечот со Шкендија ќе биде тежок

По пауза од две недели продолжуваат натпреварите од Првата фудбалска лига на Македонија. Нашиот сениорски состав утре му гостува на лидерот на прволигашката табела Шкендија во Тетово. По тој повод беше одржана прес конференција во клупските простории на која стратегот Џовани Валенти подвлече дека утрешниот ден ќе биде предизвик за целиот тим на Брера. Според него Шкендија е фаворит и добар тим кој има квалитетни поединци а за нашиот состав хендикеп беше што изминативе денови бевме ослабнети со девет фудбалери кои беа во младинските репрезентации и не беа дел од редовните тренинзи.

,,Добар тим се, натпреварот ќе биде тежок, Шкендија има добра игра и добри се при поседот на топката. Имаат силни и квалитетни играчи. Бевме десет дена без девет играчи. Среќни сме што беа со националните младински тимови. Останавме со мал број на играчи  кои тренираа овде многу и квалитетно. Значи подготовките за натпреварот со Шкендија поминаа добро. Последните три дена играчите од репрезентациите ни се приклучија и ја имавме можноста да работиме сите заедно. Мислам дека утрешниот ден ќе биде еден голем предизвик за сите нас,, рече Валенти

На прес конференцијата беше и младиот репрезентативен голман Марко Алчевски. За него паузата заради настапот на репрезентациите е добредојдена за Брера поради малата резултатската криза. За него Шкендија е најдобрата екипа во првенството но тоа не значи дека одаат со бело знаме во Тетово.

,, Секако ќе дадеме максимум против Шкендија за да дојдеме до позитивен резултат.  Заслужено се лидери на табелата. Во Тетово не одеме со бело знаме туку по позитивен резултат,, рече голманот Алчевски

 

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024
Brera AP – Rabotnicki (kadeti) 13 11 2024
13.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Atletiko cela utakmica 10 11 2024
10.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.