Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Ване Крстевски кариерата ја продолжува во Шкендија во Тетово !

20 годишниот напаѓач Ване Крстевски својата кариера ќе ја продолжи во  Шкендија откако  нашиот клуб се договори со клубот од Тетово. Тој во Струмица дојде од Штип и го облече нашиот дрес  уште во 2019- тата кога заигра за младинските погони.

Во сениорскиот тим почна да игра во натпреварувачката 2020/2021 од кога стана и стандарден првотимец на нашиот клуб.  За Брера, Ване Крстевски  има одиграно вкупно 72 натпревари во четири сезони при што има постигнато 8 гола и исто толку асистенции.

Во есенската полуетапа за Брера, младиот Крстевски одигра 17 натпревари и запиша 2 гола.

Му се заблагодаруваме на Крстевски за неговиот придонес и учинок во нашиот клуб како и за професионалниот однос и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.