Ново засилување во првиот тим на Брера за вториот дел на првенството !

23 годишниот нигериски интернационалец Ибрахим Олаосебикан е ново засилување на нашиот тим. Станува збор за централен играч за врска кој минатата година настапуваше за литванскиот Судова за кој одигра 34 натпревари во Литванската А лига и тамошниот национален Куп, при што постигна 2 гола а имаше и 3 асистенции.

Олаосебикан својата карирера ја почнува во нигерискиот Реал Сафире а во Литванија преминува во 2021 година каде освен во Судова има настапувано и во Хегелман. Ибрахим има одлични физички предиспозиции, брзина и одличен преглед на играта.

,, Воодушевен сум што сум овде во Струмица. Ви благодарам за топлиот прием за моето доаѓање. Тука сум да го поддржам тимот за да заедно ги постигнеме целите. Верувам дека моите извонредни вештини ќе бидат одлично дополнување на  тимот,, вели Ибрахим Олаосебикан

This site is registered on wpml.org as a development site.