Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Воска Спорт/20.10.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Бразилецот Де Паула ново засилување на нашиот тим и се приклучи на тренинзите за вториот дел од сезоната

Бразилскиот интернационалец Мартинс Де Паула Кауан е нов играч на нашиот сениорски состав за понатамашниот дел од првенството. Станува збор 23 годишен дефанзивец кој минатата година настапуваше за естонскиот тим Транс Нарва каде имаше неколку забележителни настапи. Претходно Де Паула Кауан има настапувано и во неколку бразилски клубови меѓу кои и за младите на Коринтианс.

Според информациите Де Паула одлично игра со левата нога. Се одликува со агресивност, добар преглед во одбрамбената линија, стабилност во играта но и со добар скок и се очекува да даде голем придонес во одбраната на нашата игра

,,Одличен прием и се надевам дека ќе имаме одлична соработка и во иднина. Ќе дадам се од себе за да ја исполниме зацртаната цел за ова полусезона. Сакам да помогнам и да постигнеме добри резултати за да можеме како Брера да бидеме повисоко на прволигашката табела“, кажа во својата прва изјава бразилскиот интернационалец

Претходно дресот на нашиот клуб го облекоа Даниел Миловановиќ,  нигерискиот интернационалец Ибрахим Олаосебикан, младиот Лука Георгиев , српскиот напаѓач  Џорџе Ивковиќ,  Зоран Андонов, Драган Стојков и Урош Стамениќ.

Му посакуваме добредојде на Де Паула и многу успех во дресот на Брера !

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024
Младите немаа среќа – поразени од Сараево во реванш мечот од Лигата на шампиони
02.10.2024
Убедлива победа на нашите момци против Пелистер
29.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.