Урош Стамениќ од Србија ново засилување на нашиот тим пред заминување за Анталија

Урош Стамениќ кој доаѓа од суперлигашот „ИМТ Белград“ од соседна Србија е ново засилување на нашиот сениорски состав. Станува збор за 27 годишен фудбалер кој потекнува од ФК Војводина со кој,  уште како тинејџер стана првотимец, клуб со кој и играше европски натпревари . Освен во Војводина, Урош Стамениќ има настапувано и за Пролетар, Борац Чачак и Златибор а со своите квалитети може да покрива повеќе позиции во редот за врска од крилните до централните места,  со што ќе придонесе да бидеме далеку поофанзивни пред противничките голови. За тимот на ИМТ во есенскиот дел има одиграно 16 натпревари при што запиша еден гол и една асистенција

,, Еден нов предизвик за мене. Доѓам во една здрава средина и стабилен клуб кој има високи амбиции.  Имаме исти размислувања и лесно се договоривме околу соработката.  Останува на терен да ги оправдам очекувавањата на тренерите и на луѓето од клубот и верувам дака ќе направиме одличен резултат. Мислам дека овој проект е еден од најпрогресивните фудбалски проекти во регионот и драго ми е што сум дел од Брера Холдинг кој работи во целиот свет.,, кажа во својата прва изјава новото засилување Стамениќ.

Генералниот директор на клубот Јован Симиќ кажа дека полека се затвора новиот костур на Брера за вториот дел на сезоната иако не се исклучува можноста со уште едно засилување доколку има квалитетна понуда.

,, Ни прествува задоволство што Урош стана дел и се приклучи на нашиот тим Брера Струмица. Не бевме задоволни од првиот дел на првенството и оваа зима направивме промени во клубот како организациски така и играчки. Ја променивме „крвната слика“ на стартниот тим,  дополнително го подигнавме нивото и се подготвуваме да заминеме за Анталија на подготовки за вториот дел од првенството. Доѓањето на Стамениќ за нас значи 99% завршен преодниот рок. Може да се очекува уште едно ново засилување но ќе видиме. Заминувања од тимот може да има само во случај на нови понуди кои не би требало да се пропуштат. На време почнавме со засилувањата и ни преставува задоволство што за Турција заминуваме комплетни според планот. Имам доверба во тренерите, стручниот штаб, играчите и со квалитетна работа како и со добра атмосфера и заедништво, резултатите во вториот дел од првенството нема да бидат проблем“, вели Јован Симиќ генералниот директор на АД ФК АП Брера Струмица

 

This site is registered on wpml.org as a development site.