Заедничко соопштение на ФК АП Брера Струмица и ГФК Тиквеш Кавадарци

ФК „АП Брера Струмица“ и ГФК „Тиквеш 1930“ Кавадарци со заедничко соопштение ја информираат јавноста  после информациите  за  инцидентот помегу два фудбалери  по натрпеварот од 26 коло од Првата Македонска фудбалска лига.

,,За жал вистина е дека после завршен натпревар, пред клупскиот автобус на Брера Струмица дојде до непријатна сцена, по која двајцата  фудбалери даваа изјава во полиција за случајот.

Како два фудбалски клубови кои негуваат дологодишно пријателство и соработка но и како градови Кавадарци и Струмица, осудуваме било какво недолично однесување, независно дали е вербално или физичко, посебно кога доаѓа од играчи фудбалери кои мора да бидат пример на младите и сите навивачи.

Ние како учесници во најмасовниот и најгледаниот  спорт,  ја имаме таа привилегија но и голема одговорност кон младите за нивното формирање и разбирање на спортот и тоа мора да го разберат сите кои се дел од фудбалот во Македонија.

За жал, во денешното општество каде вербалното и физичкото насилство понекогаш го превзема приматот, сакаме преку оваа заедничко соопштение да испратиме порака за заедништво, одговорност и да се радуваме на нови спортски настани во Кавадарци и Струмица“

Со почит

ФК АП Брера Струмица

 

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024
Brera AP – Rabotnicki (kadeti) 13 11 2024
13.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Atletiko cela utakmica 10 11 2024
10.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.