Првиот тим ги почна подготовките за новата сезона – ќе се реализираат во Струмица и Банско Бугарија

Нашиот прв тим денеска на теренот на СЦ Пандев во Струмица ги почна подготовките за новата сезона. На првиот тренинг се појавија сите фудбалери на кои стратегот Бојан Круљ ќе смета во подготвителниот период но и за наредната првенствена сезона.
На првиот тренинг се појавија сите фудбалери кои беа во дресот на Брера со исклучок на Руфати, Ристевски, Цветановски кои заминаа во нови средини. Во подготовките за сениорскиот состав се приклучија дури 10 фудбалери од нашите младински погони кои со своите квалитети сериозно чукаат за првата екипа а допрва ќе се приклучат и предвидените засилувања.
Подготовителниот период ќе го реализираме во Струмица и во Банско Бугарија каде екипата ќе замине на 10 јули . Таму се планирани и четири контролни средби со доста силни противници. До стартот на првенството во август, формата ќе се темпира во Струмица.
Шефот на стручниот штаб Круљ најави дека во следната натпреварувачка сезона Брера Струмица ќе биде далеку поконкурентен тим кој отворено ги најавува амбициите а тоа е атак на првите четири позиции на прволигашката табела.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera vs ZFK Top Gol Cela utakmica 15 09 2024
15.09.2024
Победа над Беса за враќање на самодовербата, одличен старт и за стратегот Михаилов
15.09.2024
Brera AP vs Besa Highligts 15.09.2024
15.09.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site.