Алчевски и Крстевски повикани од страна на селекторот на младата репрезентација на Македонија до 21 година Драги Канатларовски за квалификациите за пласман на ЕП 2025 во Словачка. Станува збор за два квалификациски натпревари и тоа против Шведска на 8 септември во Јенепинг со почеток во 18 часот и против Холандија на 12. септември со почеток од 15:30. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.
Марко Алчевски во шестте првенствени кола за нашиот тим „Брера Струмица“ има одлични одбрани додека Ване Крстевски има постигнато два гола и тоа против Воска Спорт и Струга ТЉ