Нашиот прв тим одигра без голови со Тиквеш од Кавадарци во рамките на седмото првенствено коло. Гостите од Кавадарци беа далеку поофанзивни на теренот и благодарение на голманот Дафков не примивме гол. На другата страна од теренот тешко создававме шанси за гол. Игравме анемично без многу борбена и офанзивна игра додека Тиквеш гри редеше шансите пред нашиот гол. Мора д аго заборавиме овој натпревар кажа тренерот Горазд Михаилов
„Мораме да бидеме задоволни од овој бод, бидејќи денес не одигравме на нивото кое што го посакуваме. Напротив, можеше многу лесно да се случи Тиквеш да ги однесе сите три бода. Мора што побрзо да го заборавиме овој натпревар. Мислам дека потфрливме во сите линии. Воопшто не сум задоволен од ангажманот на играчите. И пред натпреварот кажав дека Тиквеш е квалитетна екипа која не го заслужува местото на табелата на кое што се наоѓа во овој момент. Во иднина мораме да бидеме многу, многу подобри од овој натпревар“, изјави Михајлов.