Реми со штипска Брегалница и освоен бод во 16 тото коло од Првата фудбалска лига. Иако нашиот тим преку Матеј Цветаноски имаше водство од 1:0 во 94 минута гостите го израмнија резултатот. Немавме среќа да се радуваме на цел плен откако одбраната не успеа да го затвори Вебстер кој го донесе конечниот резултат 1:1.
Игравме отворено создадовме акции но голманот на Брегалница Дафков беше на вистинското место . По почетното испитување на силите нашиот тим контуинирано беше на половината на гостите. Крстевски, Ѓоргиевски и Ристевски беа момците кои имаа шанса да го отворат резултатот но Брегалница се одбрани. Во првото полувреме мора да се истакнат и одбраните на нашиот чувар на мрежата Алчевски кој доби незгоден удар во глава за да веднаш потоа Матеј Цветановски го прочита излезениот голамн Дафков и ја пласираше топката зад неговиот грб во мрежата на Брегалница
Притисокот на Брера продолжи и во второто полувреме. Рибауда во два наврати имаше можност да ја удвои предноста. Се надоврзаа и ударите од Мартин Ѓоргиевски но остана водството од првото полувреме . Со измените се „разбуди“ гостинскиот тим кој почна почесто да напаѓа. Вистинскиот пат до нашата мрежа го најдоа во 94 минута кога Вебстер доби топка од одбраната и ја смести во нашата мрежа.
Нашиот тим по 16 кола има вкупно 20 бода и се наоѓаме на средината од табелата.