Бод со штипска Брегалница – гол на Цветановски за водство а гостите со реми во судиското надополнување

Реми со штипска Брегалница и освоен бод во 16 тото коло од Првата фудбалска лига.  Иако нашиот тим преку Матеј Цветаноски имаше водство од 1:0 во 94 минута гостите го израмнија резултатот. Немавме среќа да се радуваме на цел плен откако одбраната не успеа да го затвори Вебстер кој го донесе конечниот резултат 1:1.

Игравме отворено создадовме акции но голманот на Брегалница Дафков беше на вистинското место . По почетното испитување на силите  нашиот тим  контуинирано беше на половината на гостите. Крстевски, Ѓоргиевски и Ристевски беа момците кои имаа шанса да го отворат резултатот но Брегалница се одбрани. Во првото полувреме мора да се истакнат и одбраните на нашиот чувар на мрежата Алчевски кој доби незгоден удар во глава за да веднаш потоа Матеј Цветановски го прочита излезениот голамн Дафков и ја пласираше топката зад неговиот грб во мрежата на Брегалница

Притисокот на Брера продолжи и во второто полувреме. Рибауда во два наврати имаше можност да ја удвои предноста. Се надоврзаа и ударите од Мартин Ѓоргиевски но остана водството од првото полувреме . Со измените се „разбуди“ гостинскиот тим кој почна почесто да напаѓа. Вистинскиот пат до нашата мрежа го најдоа во 94 минута кога Вебстер доби топка од одбраната и ја смести во нашата мрежа.

Нашиот тим по 16 кола има вкупно 20 бода и се наоѓаме на средината од табелата.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

ZFK Tiverija Brera vs AS Junajted cela utakmica 20 10 2024
20.10.2024
Brera vs Voska Sport Higlights
20.10.2024
Skupi vs Brera AP Highlights
05.10.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.