Бојан Круљ: За новата сезона амбициите се високи – со подготовките стартуваме на 26 јуни

Нашиот прв тим последната сезона ја заврши на шестата позиција по бројот на освоени поени. Пролетва нашите момци предводени од новиот стратег Бојан Круљ имаа тешка задача а тоа беше опстанок.  Круљ успеа да ја стабилизра екипата и да реди  резултати кои донесоа прволгиашки статус и следната натпреварувачка сезона. Тоа беше поводот за кусоот интервју со стратего Бојан Круљ кој со Брера следната сезона најави подобри резултати

 

Како ќе ја оцените последната натпреварувачка сезона

Круљ: Сезоната беше навистина тешка а полусезоната напорона. Пред себе имавме комплексна задача а тоа беше опстанок во друштвото на најдборите. Секој натпревар беше приказна сама за себе, секој натпревар беше како финале. Она што ме радува е што како млада екипа успеавме да ја исполниме зацртаната цел. Ми преставува задоволство што во вториот дел од првенството по резултатите завршивме како четврто пласирана екипа. Во 15 кола собравме 22 бода, што е за поздравување.

Кога ќе се почне со подготовките за новата сезона ?

Круљ: Подготовките за наредната сезона ги почнуваме на 26 јуни. Планирано е на  10 јули да бидеме во Банско. Очеквам да се приклучат и новите играчи . Од самиот старот на подговоктие се надевам дека ке бидеме комплетни што е мноу важно за еден подготвителен процес.

 

Управата најави атак на врвот од табелата и Европа, Вие?

Круљ: Амбицијата на клубот и моите лични се поклупуваат. Ќе се обидеме да бидеме на врвот од табелата а ако ни се даде можност за излез во Европа да го искористиме, оти тоа ни е цел. Наша цел  е да ги развиваме младите талентирани фудбалери и сигурно ке се обидеме да направиме баланс мегу младоста и искуството и екипата да биде стабилна во текот на целата сезона за да може да освојуваме бодови дома и во гости

 

Сеуште не се знае како ќе изгледа тимот, но што е она што ни треба како засилување

Круљ: Што се однесува за екипата,  тимот,  она што е за мене важно е да се донесат неколку искусни играчи со каракатер, играчи кои добро ја познаваат лигата. Сеуште работиме на тоа. Она што ми е важно што костурот на екипата остана. Во ова прилика сакам да им се забладоарам на играчите кои  веќе  не се со нас за пристапот и трудот што го вложија во Брера и да им посакам среќа во нивните кариери.

Ќе има ли фудбалери од младинските погони во првиот тим ?

Круљ: Што се однесува до играчите од младинските погони секако дека ќе има даваме шанса  и ќе бидат приклучени во првиот тим и ќе работат со сениорите. На нив останува  дали и колку ќе се изборат да добијат место во сениорскиот состав. За мене не постои млад или стар играч . За мене играч е оној што дава на теренот. Не се важни годините. Имам очекувања од младите играчи. Еден дел беа со нас на подготовки и имаат искуство со прв тим и се надевам дека ќе се изборат.

 

Каде ја гледатe Брера Струмица следната сезона ?

Круљ: Тешко е да се прогнозира, бидејки не го знаеме составот на екипата. Сигрно е дека имаме високи амбиции. Моите лични амбиции е да бидеме во врвот на табеалта и се надевам дека ке направиме екипа кој ќе биде меѓу првите четири екипи .

This site is registered on wpml.org as a development site.