Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Струга Трим Лум/24.11.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Брера Холдинг влезе и во ЖФК Тиверија Струмица, се отвора шанса за градење силен женски фудбалски клуб

Компанијата Брера Холдингс која е добро позната на Македонската јавност и поседува 90% од сопственоста ФК АП Брера Струмица, стана првиот странски инвеститор во женски фудбалски клуб во нашата држава. Од неодамна ова компанија со свој капитал влезе во ЖФК Тиверија Струмица кој претходно мораше да се трансформира како АД согласно македонската законска регулатива. Ова значи дека во семејството на Брера и официјално имаме Женски фудбалски клуб градејќи неколку скалила повеќе во развојот на женскиот фудбал во Македонија.

Како дел од Брера Струмица, Брера Тиверија ќе продолжи да се надоврзува на работата што претседателот на Брера Струмица, Горан Пандев ја направи во Македонија за професионализација на спортот во земјата. Влезот на Брера во ЖФК Тиверија ќе значи и обезбедување на услови за раст и развој на фудбалерките но се отвора и шанса да се изгради еден силен женски фудбалски тим.

„Неверојатно сум возбудена за големите промени што ги правиме. Правиме голем чекор во нашата приказна за раст и стануваме дел од поголемото семејство Брера. Нашето партнерство ќе поттикне професионален раст во нашата организација и ќе обезбеди одлични услови за развој на нашите играчи Нашите играчи ќе имаат повеќе можности со припадноста на Брера, што ќе ги мотивира да работат повеќе. Станувањето Брера Тиверија ќе ни донесе поврзување со глобалниот фудбалски екосистем и ќе им обезбеди на играчите шанса да играат во странство. Исто така, ќе имаме шанса да изградиме силен европски тим во Струмица, Македонија и да го промовираме нашиот град и земја во странство.“ – изјави Александра Терзиски, Генерален Директор на Брера Тиверија.

Формирањето на Брера Тиверија е неверојатна пресвртница во целокупната приказна на Brera Holdings и е вистински доказ за посветеноста на компанијата за женскиот спорт.

„Ова ќе биде втор женски спортски тим во портфолиото на Brera Holdings по стекнувањето на UYBA Volley. Не би можеле да бидеме повозбудени кога сме свесни дека имаме шампионските инвестиции во женскиот спорт на глобално ниво“, коментира Марија Ксинг, раководител на секторот за инвестиции и корпоративен развој во Brera Holdings.

Ксинг е активен поддржувач на женскиот спорт и инклузивност и е вклучена во неколку организации како што е Women in Football.

Останете поврзани

Следете нè за сите најнови ажурирања, содржини од зад сцената и ексклузивни интервјуа со играчи и тренери.

Последни новости

Brera AP vs Rabotnicki (Mladinci) 13 11 2024
13.11.2024
Brera AP – Rabotnicki (kadeti) 13 11 2024
13.11.2024
ZFK Tiverija Brera – ZFK Atletiko cela utakmica 10 11 2024
10.11.2024

Sponsors

This site is registered on wpml.org as a development site. Switch to a production site key to remove this banner.