Брера Струмица на самит во Лисабон со најдобрите и најголеми клубови од Европа !

Нашиот Фудбалски клуб „Бера Струмица“ доби покана и се најде во друштвото на најдобрите европски и светски клубови на самитот насловен како „TransferRoom“ во Лисабон Португалија. На самитот клубот го преставуваа Леонардо Алеоти член на сопственичката структура на клубот и Јован Симиќ генерален директор на клубот.

На овој настан учествуваат околу 300 клуба и целиот свет меѓу кои и преставници на Манчестер Сити, Јувенутс, Рома, Челзи, Севиља, Милан, Интер Мајами, Гремио, Ајакс како и други големи клубови.

Нашиот клуб е единствен од Македонија кој учествува на најголемиот состанок на професионални клубови од целиот свет .  Алеоти и Симиќ имаа болем број на состаноци на кои ја промовираа работата на клубот но и компанијата Брера Холдинг. Направени се и важни контакти кои во иднина на нашиот клуб отвораат можност за соработка со најголемите светски клбуови на повеќе полиња.

 

This site is registered on wpml.org as a development site.