Дури 8 фудбалери од Брера Струмица повикани за младите репрезентации на Македонија до 21 и 19 години !

Дури осум фудбалери од нашиот клуб ФК „АП Брера Струмица“ се повикани за македонските младински репрезентации кои наредните денови ќе имаат настапи во рамките на квалификациите за континенталните натпреварувања за фудбалери до 21 и 19 години.  Ова несомнено е потврда за потенцијалот што го нуди нашиот клуб во однос на млади фудбалери кои може да се носат и со репрезентативниот дрес на Македонија.

Селекторот  на младата репрезентација на Македонија Драги Канатларовски  за натпреварот против Молдавија во третото квалификациско коло од групата Ц ги повика голманот Марко Алчевски, Ване Крстевски од средниот ред како и напаѓачот Христијан Малески. Тие се на поширокиот список на Канатларовски а имајки во предвид досегашните настапи не се исклучува можноста да бидат и во првиот состав за Молдавците

Квалификацискиот меч против Молдавија ќе биде одигран на 17. октомври, на стадинот Зимбру, во Кишинев, со почеток во 17. часот по локално време.

Во фудбалската селекција до 19 години селекторот Тони Јакимовски од нашиот клуб повика дури пет фудбалери кои ќе бидат на квалификацискиот турнит во Полска за пласман во елитната фаза против селекциите на Германија, Казахстан и домаќинот Полска. Повикани се голманот Љупче Џеков, одбрамбените фудбалери Андреј Аризанкоски, Марко Стојилевски и Ѓорѓе Џеков како и фудбалерот за средниот ред Мартин Ѓоргиевски.

Квалификацискиот турнир го почнуваме против домаќинот Полска. Овој натпревар е закажан на 11 октомври, со почеток во 16. часот. Во второто на 14. октомври играме против селекцијата на Германија а во последното коло ќе се соочиме со Казахстан, на 17. октомври.

This site is registered on wpml.org as a development site.