Следен натпреварФК АП Брера Струмица vs ФК Беса 1976/15.09.2024/Стадион „Благој Истатов“ Струмицаenmk

Француски интеренационалец ново засилување на тимот за новата сезона

Нашиот клуб потпиша со францускиот фудбалер Џибрил Дианиси кој во својата играчка кариера има настапувано за повеќе клубови во Франција, Белгија, Холандија, Естонија. Станува збор за 28 годишен играч на крилната и напаѓачка позиција кој минатата сезона настапуваше за белгискиот Ла Лувиер. За овој клуб има 13 настапи во првиот тим при што постигнал 3 гола.

Дианеси потекнува од школата на француски Тулуз од каде заминува во Холандија каде три сезони настапува за Мастрихт и Фотурна. Кариерата ја продолжува во естонски Калју и белгискиот Лувиер . Претседателот на клубот е задоволен.

,,Долго преговаравме со овој играч бидејки сакавме да го донесеме во нашите редови. Ова засилување ги покажува нашите амбиции за наредната сезона и дека во нареднито период нашиот клуб ќе ангажира засилувања од истиот калибар. Во прашање е играч кој може да покрива повеќе позиции во нападот и очекуваме многу во следната сезона“ кажа за првото засилување на Брера претседателот Горан Пандев.

Џибрил Дианеси потекнува од Мали и тој на нашиот тим ќе се приклучи со стартот на подготовките за новото првенство.

,,Чест и задоволство е да играм за клубот кој за претседател го има Горан Пандев. Ќе дадам се од себе за исполнување на амбициите на тимот за новата сезона, бидејки од тоа што го слушнав Брера за наредната сезона ќе атакува на врвот на прволигашката табела,, вели Дианеси

This site is registered on wpml.org as a development site.